TAIEX Студиска посета во Виена, Република Австрија

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на Република Македонија со цел зајакнување на капацитетите на Агенцијата, во периодот од 11-ти до 14-ти јули 2011 година, ја реализираше одобрената во 2010 година TAIEX Студиска посета во Виена, Република Австрија. Темата на студиската посета беше “Агенцијата како тело кое постапува по жалба и жалбена постапка”. Во текот на престојот, беа одржани работни состаноци со Регулаторната агенција за железници Schinen Control, експерти од управителот на железничката инфраструктура OBB Infrastruktur како и со секретарот на асоцијацијата Koridor X PLUS. Во текот на посетата Агенцијата ја презентираше правната рамка, своите надлежности и активностите од 2009 до 2011 година.