Јавни набавки

За потребите на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на ден 30.03.2011 година се објавува оглас за јавна набавка на :

               – Услуги за тековно одржување на деловен простор (мајсторско занаетчиски работи) за 2011 година и

               – Канцелариски потрошен материјал и опрема.

Набавката ќе се реализира во постапка за набавка од мала вредност со барање за прибирање на понуди, без објавување на јавен оглас, согласно чл.100 став 1 алинеја 1 од Законот за јавни набавки.

Сите заинтересирани за учество на оваа јавна набавка, се повикуваат да ја подигнат тендерската документација во просториите на Агенцијата, која се наога на адреса ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.52/1/4, Скопје, и да ги достават своите понуди до 07.04.2011 година.

За повеќе информации кликнете тука.