Средба со регулаторната агенција за железници на Република Бугарија

Преставници на Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги во периодот од 20-23.07.2010 година остварија средби со: • Регулаторната Агенција за железници на Република Бугарија, • Државното претпријатие за ремонт на железничката инфраструктура • Приватното железничко претпријатие DB Schenker Bulgaria • Високата техничка школа ,,Тодор Каблешков” специјализирана за остручување на кадри од областа на железницата. Во текот на овие посети беа споделени искуства од областа на работењето на Регулаторната Агенција за железници на Република Бугарија, издавањето на дозволи, постапување по службена должност, методи намониторинг на пазарот на железнички услуги и слично.