Регионална средба на регулаторните тела на железничкиот сектор од Југоисточна Европа во Мокрагора, Р. Србија

На 11 и 12 Октомври 2010 година на предлог на Министерството за инфраструктура и Дирекцијата за железници на Р.Србија беше одржана регионална средба на регулаторните тела на железничкиот сектор од Југоисточна Европа во Мокрагора, Р. Србија. На оваа средба свое учество зедоа преставници од регулаторните тела на Р.Србија, Р.Хрватска, Р. Црна Гора, Р. Македонија и Р.Босна и Херцеговина, како и преставници на Министерството за транспорт на Р.Хрватска и Министертсвото за инфраструктура на Р.Србија. Целта на оваа средба беше да се разменат искуства во функционирањето на регулаторните тела, а се со цел приближување на законодавствата на земјите од југоисточна Европа кон директивите на ЕУ.
Како заклучок од средбата е договорено да се направи преглед на организационата поставеност, надлежностите, одговорностите на сите присутни регулаторни тела, кој пак по официјализирање од страна на соодветните регулаторни тела, ќе биде објавен на нивните веб сајтови.
Оваа средба резултираше со позитивни оценки и согласност од сите присутни, дека ваквиот начин на соработка е корисен и дека треба да продолжи и во иднина.