На 9-ти јуни во Хаг, Холандија беше формирана независна група на регулаторни тела од земјите од Европа – IRG-Rail

На 9-ти јуни во Хаг, Холандија беше формирана независна група на регулаторни тела од земјите од Европа IRG-Rail, во која членува и Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на Р.Македонија. Покрај Р. Македонија свое учество зедоја и регулаторните тела на Австрија, Хрватска, Данска, Естонија, Франција, Германија, Унгарија, Летонија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.

Целта на оваа група на регулаторни тела е да се интензивира соработката помеѓу регулаторите во Европа, која пак ќе придонесе за промовирање на одржлива и ефикасна конкуренција во железничкиот сектор и да придонесе за развој на Европскиот железнички пазар.

Во рамките на овој прв состанок беа назначени претседател и потпредседател на IRG-Rail, се дефинираа работните групи по одредени области и беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу земјите членки на оваа група.

Подетални информации во врска со IRG-Rail може да најдете на следнава веб адреса http://irg-rail.eu/ .