Воспоставување и развој на институциолнални регулаторни капацитети

Агенцијата за регулирање на пазарот на железничките услуги,  претставувана од г-дин Никола Костадиновски советник во Агенцијата, учествуваше на  работилница во организација на ТАИЕХ на тема  ,, Воспоставување и развој на институциолнални регулаторни капацитети, nкоја се одржа во Подгорица Република Црна Гора од  07 до 08.06.2010.

На оваа работилница  искуствата од регулаторната  област за железница ги презентираа  претставници на Велика Британија, Холандија, Австрија  и Шпанија како и Европската железничка Агенција.

Од земјите во регионов својата моментална состојба ја презентираа Босна  и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Албанија.

Состојбата во Република Македонија од регулаторната област за железница во име на Агенцијата ја презентиреше г-дин Никола Костадиновски советник во Агенцијата а од областа на железничкиот сектор во име на МТВ ја  презентираа г-ѓа Биљана Здравева раководите на секторот за железница при МТВ. Презентацијата на Агенцијата е достапна во  Power Point формат.

Како главна порака која произлезе од оваа работилница до земјите во регионов  е неопходноста  регулаторните тела да се самостојни во одлучувањето, да се самостојни во финансирањето како и со Законски и подзаконски акт да се регулирани механизите за спроведување на одлуките на регулаторните тела. Укажано е од страна на претставниците на ЕУ на потребата од комуникација помеѓу регулаторните тела  и учесниците на пазарот во земјите од кои потекнуваат како и потребата од  комуникација со регулаторните тела од регионот.