Билатерална средба на железничките регулаторни тела на Република Македонија и Република Србија

На ден 11.07.2012 година (среда) во просториите на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор беше одржана билатерална средба на железничките регулаторни тела на Република Македонија и Република Србија, на која беа разменети практични искуства од областа на регулирањето на железничкиот сектор. На оваа средба присуствуваа директорите на двете регулаторни тела г-дин Никола Костадинсовски и г-дин Слободан Росиќ.