Анкета за почитување на правата на патниците во железничкиот превоз

Согласно членот 97 од Законот за железничкиот систем, една од надлежностите на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор е контрола на квалитетот на услугите дадени од превозниците и мониторирање на почитувањето на правата на патниците во железничкиот превоз.

Во Декември 2013 година, Агенцијата организира и спроведе анкети за испитување на јавното мислење, со цел да се соберат квантитативни информации и да се испита актуелното мислење и задоволство на граѓаните во повеќе градови и возови во Република Македонија во врска со квалитетот на услугите што ги добиваат од страна на националниот железнички превозник МЖ Транспорт АД Скопје, при спроведувањето, т.е вршењето на јавна патничка услуга како услуга од јавен интерес во железничкиот превоз на патници.

Анкетите беа организирани и реализирани во тек на месец декември, 2013 година. Со анкетите беа опфатени 1000 лица, од кои 500 патници во воз на одредени релации и 500 потенцијални корисници на железничкиот сообраќај од различни градови низ републиката. Притоа беше користен методот на директно интервју („лице во лице“), врз основа на синтагмата „случаен избор“.

Од добиените резултати се направи споредбена анализа со податоците добиени од претходната година со цел да се види движењето на задоволството на корисниците на услугите во овој сектор низ годините.

Споредбената анализа може да ја погледате тука.