1 / 2

Информации од јавен карактер

Упатство за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
Л И С Т А на информации од јавен карактер на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор
Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, согласно Законот за железничкиот систем (“Службен весник на Република Македонија” бр.48/10 со понатамошните измени и дополнувања) како имател на информации од јавен карактер поседува информации за:

1. Даватели на железнички услуги:

- назив, седиште, број на судска регистрација/ЕМБ од Централен регистар на Република Македонија, ЕДБ за правни лица, име и адреса на правен застапник за правни лица;
- датум на почеток, промена или престанок на обезбедување на железничките услуги;
- во врска со издадените дозволи за вршење јавен железнички превоз, за видовите на железнички услуги за чие вршење е издадена дозволата и други податоци содржани во дозволата како и податоци за престанок на важење на дозволата;
- исполнување на обврските кои произлегуваат од Законот за железничкиот систем.

2. Закони и подзаконски акти што ја регулираат областа на железничкиот сектор;
3. Спогодби и меморандуми за соработка што ги склучила Агенцијата и информации за меѓународна соработка;
4. Записници од спроведен надзор на пазарот на железничките услуги;
5. Новости;
6. Годишни, полугодишни и други извештаи на Агенцијата;
7. Стратешки документи, анализи и програми на Агенцијата;
8. Проекти;
9. Јавни набавки;
10. Статистички податоци;
11. Податоци, информации и публикации за кои Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор смета дека придонесуваат за отворен и конкурентен пазар.

II. Службено лице

За службено лице од Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор кое ќе посредува при оставрувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер на Агенцијата се назначува вработениот/та:

Никола Костадиновски, раководител на сектор за железнички сообраќај
Тел/факс: 3220 407
Email: nkostadinovski@arpz.mk


Агенција за регулирање на железничкиот сектор

Соопштенија

Соопштенија за јавноста

април 8, 2014

9-ти Април – Денот на железничарите

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на сите железничари им го честита 9-ти Април – Денот на железничарите
април 8, 2014

Презентација на железничкиот систем пред студентите на Градежниот факултет

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, денеска, 08.04.2014 година во соработка со Градежниот факултет изврши презентација на поставеноста на железничкиот систем во Република Македонија и улогата […]
април 8, 2014

Работен состанок на SEETO во Р.Македонија

На 31 Март во просториите на Министерството за транспорт и врски беше одржан работен состанок на SEETO на тема „Зголемување на видливоста и присуството на соработката […]
април 4, 2014

4-ти состанок на регулаторни тела на ЕУ

Во периодот 27 и 28 Март во Брисел беше одржан 4-от состанок на регулаторни тела од областа на железничкиот сектор на ниво на ЕУ, како и […]
март 26, 2014

Меморандум за соработка во областа на заштитата на конкуренцијата во железничкиот сектор

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и Комисијата за заштита на конкуренцијата, на ден 25.03.2014 година, склучија Меморандум за соработка во областа на заштитата на конкуренцијата […]
март 26, 2014

19-ти состанок на Опсерваторијата за транспорт на југо-источна европа (South East Europe Transport Observatory – SEETO)

Опсерваторијата за транспорт на југо-источна европа (South East Europe Transport Observatory – SEETO) во периодот 20-21.03.2014 година, во Скопје, Република Македонија го одржа 19-от состанок. На […]

Мапа и Мрежи

domasiedoma-oficial-logo