Во периодот од 15-ти до 17-ти февруари беше одржана студиска посета на претставници на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на Република Македонија заедно со преставници на Регулаторната агенција за железници на Р.Хрватска преку TAIEX-Интрументот на Европската Комисија, во Хаг, Кралството Холандија.
Во текот на овој престој во Кралството Холандија се одржаа состаноци со експерти од Министерството за инфраструктура и животна средина на Кралството Холандија, Канцеларијата за регулирање на транспортот и железничкиот инфраструктурен менаџер ProRail.
Првиот ден, 15.02.2011 година (вторник) во Министерството за инфраструктура и животна средина на Кралството Холандија се одржа состанок со претставници од Канцеларијата за регулирање на транспортот, на кој се запознавме со нивната организациска поставеност, улогата во железничкиот систем, законската регулатива, процесот на дефинирање на таксата за пристап и нејзиното објавување во Објавата на мрежа, мониторигот на пазарот на железничките услуги, постапување по жалби, прибирање на информации д учесниците во железничкиот сектори и слично.
Вториот ден, 16.02.2011 година (среда) во Министерството за инфраструктура и животна средина на Кралството Холандија беше одржан состанок со претставници на Министерството за инфраструктура и животна средина на Кралството Холандија, на кој што подетално бевме запознаени со холандската транспортна политика, учесниците во железничкиот сообраќај, нивната железничка мрежа, начинот на доделување на концесии за управување со железничката инфраструктура и патничкиот сообраќај, повеќегодишните договори помеѓу државата и управителот на инфраструктурата, правилата за алокација на капацитети и наплата на такса за пристап. На овој состанок своја презентација имаше и Агенцијата, преставувајќи ја законската регулатива и состојбата на железничкиот сектор во Р. Македонија.
Третиот ден, 17.02.2011 (четврток), официјално бевме примени од железничкиот инфраструктурен менаџер ProRail, при што се одржа средба со нивни претставници, на која што ни беше презентиран нивниот начинот на функционирање по однос на начинот на добивање на концесијата за управување со железничката инфраструктура, алокацијата на капацитетите, наплатата на таксата за пристап.
Целта на студиската посета беше да запознавање со искуство на Холандските институции во областа на железниците, регулацијата на железничкиот сектор и прибирање на информации за поставеноста и организираноста на железничкиот сектор, неговото функционирање,како и начинот на функционирање на органите задолжени за регулирање на железничкиот сектор во Кралството Холандија.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |