1 / 2

Информации од јавен карактер

Cлужбено лице
За службено лице од Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор кое ќе посредува при остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер на Агенцијатасе назначува вработениот/та:

м-р Ивана Анѓеловска, Раководител на сектор за правни, административни и општи работи
Тел/факс: 3220 407
Email: [email protected]
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РСМ“ бр.101/2019)
Упатство за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
Л И С Т А на информации од јавен карактер на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор
Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, согласно Законот за железничкиот систем (“Службен весник на Република Македонија” бр.48/10 со понатамошните измени и дополнувања) како имател на информации од јавен карактер поседува информации за:

1. Даватели на железнички услуги:

- назив, седиште, број на судска регистрација/ЕМБ од Централен регистар на Република Македонија, ЕДБ за правни лица, име и адреса на правен застапник за правни лица;
- датум на почеток, промена или престанок на обезбедување на железничките услуги;
- во врска со издадените дозволи за вршење јавен железнички превоз, за видовите на железнички услуги за чие вршење е издадена дозволата и други податоци содржани во дозволата како и податоци за престанок на важење на дозволата;
- исполнување на обврските кои произлегуваат од Законот за железничкиот систем.

2. Закони и подзаконски акти што ја регулираат областа на железничкиот сектор;
3. Спогодби и меморандуми за соработка што ги склучила Агенцијата и информации за меѓународна соработка;
4. Записници од спроведен надзор на пазарот на железничките услуги;
5. Новости;
6. Годишни, полугодишни и други извештаи на Агенцијата;
7. Стратешки документи, анализи и програми на Агенцијата;
8. Проекти;
9. Јавни набавки;
10. Статистички податоци;
11. Податоци, информации и публикации за кои Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор смета дека придонесуваат за отворен и конкурентен пазар.



Информации од јавен карактер

Агенција за регулирање на железничкиот сектор

Адреса: ул: Св.Кирил и Методиј бр. 52/1-4

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Тел: 02 3220 407

Меил: [email protected]

web site: www.arpz.mk

Заштита на укажувачи
Согласно со член 2 став (1) и член 3 од Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор, за овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно и заштитено надворешно пријавување во Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор е назначен :

м-р Ивана Анѓеловска, на работно место:
„Раководител на сектор за правни, административни и општи работи”- Агенција за регулирање на железничкиот сектор.
ул. Св.Кирил и Методиј бр. 52/1-4
1000 Скопје, Република Северна Македонија
телефон: 02 3220 407
Моб: 078 311 278
Email: [email protected]

Закон за заштита на укажувачи

Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор

Правилник за насоки за донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување во правното лице во приватниот сектор

Годишен план за спречување на корупција
Соопштенија

Соопштенија за јавноста

јуни 21, 2012

Состанок на работните групи за маркет мониторинг и товарни коридори на IRG Rail

На 29.03.2012 година во Љубљана, Словенија беше одржан 3-от состанок на работната група за маркет мониторинг на IRG Rail.   На оваа работна група се разговараше на следниве теми: […]
март 26, 2012

Годишна програма за работа и развој и Годишeн финансиски план на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година

На 26-тата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на ден 19.03.2012 година со мнозинство на гласовите беа усвоени Годишната програма за работа и развој и […]
март 20, 2012

17-тиот состанок на SEETO (South East Europe Transport Observatory)

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на Република Македонија на покана на г. Sian Prout од Европската Комисија, Главна Управа – за мобилност и интероперабилност од […]
март 16, 2012

Анкета за почитување на правата на патниците во превозот со железница и квалитетот на услугата

Во месец Декември 2011 година беше спроведена Анкета за почитување на правата на патниците во превозот со железница и квалитетот на услугата. Анкетата беше спроведена преку […]
ноември 15, 2011

Критериуми за квалитет на услугите во превозот на патници со железница и квалитет на услуги кои железничката инфраструктура ги овозможува на железничките превозници

Во текот на 2010 година Агенцијата реализираше Студии за утврдување на критериуми за квалитет на услугите во превозот на патници со железница и критериуми за квалитет […]
октомври 7, 2011

Проектот “Поддршка на реформите во железницата во република Македонија”

Проектот “Поддршка на реформите во железницата во Република Македонија” финансиран од Европската банка за обнова и развој, започна со одржување на воведни состаноци на учесниците во […]

Мапа и Мрежи

domasiedoma-oficial-logo