17-тиот состанок на SEETO (South East Europe Transport Observatory)

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на Република Македонија на покана на г. Sian Prout од
Европската Комисија, Главна Управа – за мобилност и интероперабилност од Брисел присуствуваше на 17-тиот
состанок на SEETO (South East Europe Transport Observatory), во период од 15-16 март 2012 година во
Сараево, Босна и Херцеговина. Во рамките на состанокот беше одржанана редовна работилница за размена
на информации во регионот како и искуства од Европските земји. На овој состанок покрај Регулаторните
тела присуствуваа и претставници на Министерствата за транспорт и врски и делегации од Железничките
Инфраструктури  на земјите кои се членки во SEETO (Република Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и
Херцеговина, Хрватска, Косово и Албанија).