На ден 10.02.2011 година во Скопје се одржа Седмиот состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу Република Македонија и Европската унија од кој произлезе следнава информација во врска со железничкиот сектор:
„ … Што се однесува до железничкиот сектор ЕК ги поздрави активностите на Агенцијата за регулирање на пазарот со железнички услуги и препорача професионално и техничко екипирање на Управата за безбедност во железничкиот систем.
Во делот на пристап на пазарот ЕК ја повтори потребата од дефинирани правила за влез на пазарот и повика на транспарентни правила и постапки за издавање на лиценци што би ги охрабрило компаниите за влез на пазарот. Дополнително, ЕК побара информација за статусот на жалбените постапки по одлука за лиценцирање пред Управниот суд.
Македонската страна информираше дека правилата за безбедносните сертификати за возачите на возовите заедно со прирачници како да се пополни апликацијата се дел од донесените под-законски акти и истите се објавени на веб страната на Министерството за транспорт и врски.
Во делот на интероперабилноста македонската страна информираше за Законот за интероперабилност во железничкиот систем и се согласи да испрати превод на последната усвоена верзија.
Во однос на финансиските прашања ЕК побара почитување на член 16 од директивата 2001/14/EC за адресирање на состојбите со дефицит на управителот на инфраструктурата и ги покани македонските власти да обезбедат информации за структурата на таксата за пристап на мрежата… “.
Согласно, изнесеното во „ Информацијата за одржаниот Седми состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу Република Македонија и Европската унија“, Владата на Република Македонија усвои и заклучоци, со кои се доделија задолженија на Министерството за транспорт и врски, кои се однесуваат за унапредување на железничкиот сектор.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |