Работна група за железници во организација на SEETO (8-9. Ноември 2010 година)

Во организација на SEETO (South-East Europe Transport Observatory) и Европската комисија/DG MOVE во хотелот „Арка“, Скопје, во периодот   8-9.Ноември 2010 година, беше одржана Работна група за железници. Свое учество на оваа работна група зедоја преставници на институции од железничкиот систем на земјите од Западен Балкан (Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово), како и преставници на SEETO и Европската комисија. На оваа работна група Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на Р. Македонија се претстави со своја Powerpoint презентација.

Целта на оваа работна група беше размена на искуства од железничкиот систем во Западен Балкан, како и пренесување на праксата и искуството од земјите членки на ЕУ на земјите кандидати и потенцијални кандидати од Западен Балкан.