Учество на OTIF Работилница “UTP Freight wagons, UTP Rolling Stock – Noise”

Во хотелот “Континентал” на 26 и 27 мај 2010 година (среда и четврток) се одржа OTIF Работилница “UTP Freight wagons, UTP Rolling Stock – Noise” на која присуствуваа преставници на Агенцијата. OTIF е Организација за меѓународен железнички превоз чија цел е развивање на унифициран правен систем кој се применува на превозот на патници и товар во меѓународниот железнички сообраќај. На работилницата беа изложени информации за меѓународните стандарди за превоз на патници и стока со железница и усогласеност на OTIF стандардите со оние на Европската Унија. Беа остварени и контакти со регулаторни тела и институции за железнички сообраќај од регионот.