Состанок на работните групи за маркет мониторинг и товарни коридори на IRG Rail

На 29.03.2012 година во Љубљана, Словенија беше одржан 3-от состанок на работната група за маркет мониторинг на IRG Rail.
 

На оваа работна група се разговараше на следниве теми:


– Извештај за состојбата на пазарот на железничките услуги во земјите членки на IRG, изразен преку бројки
– Користење на јавно достапните податоци
– Проширување на квантитативните показатели
– Разно


Наредниот ден 30.03.2012 година беше одржан состанок на работната група за товарни коридори, на кои беа разгледувани проблеми со кои се соочуваат европските регулаторни тела низ кои поминуваат товарните коридори, врз основа на што започна постапка за дефинирање на правила кои ќе бидат универзални и ќе важат за сите товарни коридори (поднесување на барање за закуп на траса, поднесување на приговори, ингеренции за постапување по приговорите и сл.).