Врз основа член 6 став (2) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/2019), , член 30 став (3) и член 48 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен јавниот оглас, член 6 став (1) и (3) од Колективниот договор на ниво на работодавач Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор бр.02-77/1 од 13.02.2015 година и Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор бр.01-133/1 од 17.08.2017 година, Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС
Број 03/2019
за пополнување на работно место со
унапредување на административен службеник
Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор објавува Интерен оглас број 03/2019 за пополнување на работно место со унапредување на административен службеник:
1. УПР 01 01 Б4 000 Раководител на одделение за правни и стручно административни работи – 1 (еден) извршител.
Пријавените кандидати покрај општите услови предвидени со Законот за работни односи, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
– Ниво на квалификација VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет-Правни науки;
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
– потврда за положен испит за административно управување,
– работно искуство во управно-правни работи од најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).
Работно време: Понеделник-Петок од 08-16 часот, 40 часа неделно
Нето месечна плата: 35.246 денари
Заинтересираните кандидати за горе наведеното работно место треба да ги достават потребните документи со кои се докажува исполнувањето на бараните услови, како и биографија и потврди за реализирани обуки, до архивата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, со назнака за Административен службеник кој ги врши надлежностите на организационата единица за управување со човечки ресурси на Агенцијата, во рок од 5 дена од денот на објавувањето на овој оглас.
Спроведувањето на административната селекција и интервјуто ќе се изврши од Комисијата за селекција формирана од страна на Директорот на Агенцијата, во рок од 5 дена од завршување на огласот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во Пријавата за унапредување ќе се дисфалификува од понатамошната постапка.
Документи:
Бр. 04-150/2 10.09.2019 година Скопје | Агенција за регулирање на железничкиот сектор Директор ______________________ Боре Еркечов |
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |