ИНТЕРЕН ОГЛАС Број 01/2021

Врз основа член 6 став (2) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014 и со преостанатите измени и дополнувања), член 30 став (3) и член 48 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014 и со преостанатите измени и дополнувања), член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен јавниот оглас, член 6 став (1) и (3) од Колективниот договор на ниво на работодавач – Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор бр.02-77/1 од 13.02.2015 година и Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор  бр.01-133/1 од 17.08.2017 година, Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, на ден 30.12.2021 година објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС

Број 01/2021

за пополнување на работно место со

унапредување на административен службеник

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор објавува Интерен оглас број 01/2021 за пополнување на работно место со унапредување на административен службеник:

1. УПР 01 01 Б2 000 Раководител на сектор за правни, административни и општи работи – 1 (еден) извршител.

Пријавените кандидати покрај општите услови предвидени со Законот за работни односи, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:

  • Ниво на квалификација VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет-Правни науки;
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • потврда за положен испит за административно управување,
  • работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор и
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Работно време: Понеделник-Петок од 08-16 часот, 40 часа неделно

Нето месечна плата: 39.465 денари

              Заинтересираните кандидати за горе наведеното работно место треба да ги достават потребните документи со кои се докажува исполнувањето на бараните услови, како и биографија и потврди за реализирани обуки, до архивата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, со назнака за Административен службеник кој ги врши надлежностите на организационата единица за управување со човечки ресурси на Агенцијата, во рок од 10 дена од денот на објавувањето на овој оглас.

              Спроведувањето на административната селекција и интервјуто ќе се изврши од Комисијата за селекција формирана од страна на Директорот на Агенцијата, во рок од 5 дена од завршување на огласот.

Документи:

Интерен оглас за на web

Пријава за унапредување

Интерен оглас

Пријава за унапредување

              НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во Пријавата за унапредување ќе се дисфалификува од понатамошната постапка.

Бр. 04-394/2 30.12.2021 година Скопје        Агенција за регулирање на железничкиот сектор Директор   ______________________ Боре Еркечов