Историја

Железниците во Македонија

1871г

Историја

Железниците во Македонија – значаен сегмент во развојот на стопанството во Македонија, но и со политичко значење. Првата ж. линија во Македонија е Солун–Велес–Скопје кон Белград. Почнала да се гради со странски капитал во 1871, а до Скопје била завршена во 1873 г. Во 1888 била поврзана со српските железници на граничниот премин Забевче кај Врање. Ж. линија Скопје–К. Митровица била завршена во 1878 г., а Солун–Воден–Лерин–Битола во 1894 г. Во текот на Првата светска војна, за потребите на своите армии, германските и бугарските власти ја изградиле тесната линија (60 цм) Градско –Прилеп–Битола (преку Плетвар) и Скопје–Гостивар–Кичево– Охрид–Струга. Во 1925-1926 г. била изградена линијата Велес–Кочани, а во 1931 Велес–Прилеп–Битола. По 1945 г., покрај обновата, била изградена и нова варијанта на ж.л. Клисура–Миравци, во 1951–1956 г. ж.л. Скопје–Тетово–Гостивар–Кичево, како и Зајас–Тајмиште (1966). Иницијативи за железничко поврзување на Македонија кон Бугарија, имало од турската (1912), од бугарската (1943) и од македонската власт (1946). Во 1992 г., со одлука на Владата на РМ почнала градбата на ж. линија Скопје–Софија, која, меѓутоа, не е завршена.
ЛИТ.: Група автори: Историја на железниците во Македонија 1873-1973, Скопје, 1973.