Од 19 до 20 мај во Загреб се одржа вториот состанок на регулаторните
тела за железници на Југоисточна Европа. Покрај Агенцијата за регулирање
на железничкиот сектор на Република Македонија, на состанокот
присуствуваа делегациите на:
1. Р. Хрватска претставувана од
• Претставник на Парламентот на Република Хрватска,
• Претставник на Хрватската стопанска комора,
• Раководителот на секторот за железници при Министерството за транспорт и море,
• Извршниот директор на ХЖ Инфраструктура,
• Извршниот директор на ХЖ Транспорт,
• Директорот на Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги.
2. Дирекцијата за железници на Република Србија,
3. Регулаторното тело за железница на Република Словенија,
4. Регулаторното тело за железница на Република Босна и Херцеговина,
5. Регулаторното тело за железница на Република Црна Гора,
6. Регулаторното тело за железница на Косово,
7. Претставник на ЕК од DG Move г-дин Томас Кауфман кој имаше
излагање на тема “Independence of essential functions” и “Single
European railway area” (Recast), powers and new functions of the rail
regulator”
8. Претставници од Сообраќајниот факултет за железници од Загреб и
9. Претставници од Сообраќајниот факултет за железници од Белград.
Сите регулаторни тела се осврнаа на железничкиот пазар во своите
држави, на постигнатото во претходните шест месеци и ги изнесоа
проблемите со кои се сретнале во текот на работењето. По излагањето,
беше отворена јавна дискусија со цел да се разменат искуствата и да се
изнајдат решенија за проблемите кои произлегуваат од тековното работење
на регулаторните тела.
Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на Република Македонија
на состанокот се претстави со две презентации “Структурата на трошоците
кои се покриваат со минималниот пакет на услуги од такста за пристап кон
железничката инфраструктура” и “Примената на Објавата на мрежа во
пракса во Република Македонија”.
На средбата беше потпишан Меморандум за соработка
на Регулаторните тела на Југоисточна Европа и беше изготвен Каталог со
податоци од регулаторните тела за железница на ЈИЕвропа. Податоците за
регулаторните тела за железници од земјите на Југоисточна Европа се
достапни и на веб страната http://www.regulatori-jie.com
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |