TAIEX студиската посета Бон, Германија 

четврток, 21 јуни 2012 09:53:20

TAIEX студиската посета беше организирана во два дена 03 - 04 Мај во Бон, Р.Германија. На оваа студиска посета покрај претставници на регулаторната агенција на Република Македонија на предлог на TAIEX присуствуваа и по двајца претставници од регулаторните агенции на Косово и Црна Гора.
 

Во рамките на оваа посета беа одржани состаноци со Федералниот орган за железници за безбедност и интероперабилност и Регулаторната агенција за железници – BnetzA на кои беа разменети искуства и практики во врска со издавањето на дозволи и осигурувањето на железничките превозници, правата на патниците, мониторинг на пазарот на железничките услуги, следење на објавата на мрежа, пристап до помошни и дополнителни услуги, принципи за наплата за пристап до инфраструктурата и помошни и дополнителни услуги, постапување по жалби на учесниците во железничкиот сообраќај и сл..



 



Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2018 Агенција за регулирање на железничкиот сектор