Oдржана работилница под покровителство на проектот EcoRails 

понеделник, 06 јуни 2011 12:49:34

Во периодот 19-20.05.2011 година во Загреб, Р. Хрватска, беше одржана работилница под покровителство на проектот EcoRails, кој се залага за енергетска ефикасност и еколошки критериуми при купување на железнички возила и давање на железнички услуги.
На оваа средба присуствуваа преставници од проектот EcoRails, преставници од Р. Хрватска, Р.Словенија и Р.Македонија.
На оваа работилница свое обраќање имаа преставниците од сите три земји, презентирајќи ја состојбата на железничкиот систем во своите земји, по што свое излагање имаа и преставниците на EcoRails во кои укажуваа на важноста за превземање на мерки и воспоставување на стандарди за заштита на енергијата во железничкиот сообраќај. Истакнаа дека овие мерки треба да се превземаат уште при подготвувањето на тендерските документации, во кои особено внимание треба да се посветува на пропишување на услови за низок праг на максимално дозволена потрошувачка на енергија



Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2017 Агенција за регулирање на железничкиот сектор