Мисија на агенцијата

 Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги е основана за обезбедување увид и непристрасно извршување на дејностите во железничкиот превоз, кои се вршат како услуги од јавен превоз и да овозможи транспарентно и недискриминаторско работење на управителот на инфраструктурата и железничкиот превозник.

Агенцијата ги извршува работите од својот делокруг во согласност со Законот за Агенцијата за регулирање на пазарот на железничките услуги (во понатамошниот текст:Законот) и Статутот на Агенцијата. Во својата работа и при донесување на одлуки во рамките на своите овластувања, Агенцијата е независна од други државни органи или други јавни правни лица или трговски друштва што вршат дејност од областа на железничките услуги.

Агенцијата ги има следните надлежности:

1) Решава по жалби на железничкиот превозник по актите донесени од управителот на инфраструктурата по однос на: - објавата на мрежа; - критериумите содржани во објавата на мрежа; - постапката и процесот на распределба на инфраструктурните капацитети и резултатите од водената постапка на управителот на инфраструктурата; - критериумите за одредување на пристап за користење на железничката инфраструктура; - висината и структурата на пристап за користење на железничката инфраструктура и - одлуката за одобрување на пристап на железнички превозник на железничката инфраструктура.

2) Решава и други случаи со кои се осигурува пристап и користење на железничката инфраструктура од страна на управителот на инфраструктурата и превозникот; и

3) Врши надзор над квалитетот на давањето на железничките услуги од страна на железничкиот превозник;

Покрај овие надлежности, Агенцијата:

1) Во својата работа, заради унапредување и развој на железничкиот сообраќај и транспорт во Република Македонија постапува согласно со препораките на Европската комисија и Европската унија, како најдобри светски практики;

2) Соработува и разменува информации за својата работа, како и за практиките за усогласување на принципите за одлучување со регулаторните тела од други држави;

3) Соработува со државни тела и органи одговорни за хармонизацијата на националната регулатива со регулативата на Европската унија; и

4) Соработува со Меѓународни здруженија за железници.

Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2017 Агенција за регулирање на железничкиот сектор