Историја на агенцијата

Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги е основана согласно член 4 став 1 од Законот за Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги ("Службен весник на Република Македонија" бр.7/2008) и за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија. Се основа како самостојно и непрофитно правно лице со јавни овластувања утврдени со закон.

Органи на Агенцијата се Управен одбор и директор. Нивните надлежности се утврдени со Законот за Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги и Статутот на Агенцијата.

Агенцијата започна со работа во 2009 година. Во моментов, Агенцијата има 4 вработени.

Основната дејност на Агенцијата согласно Законот за Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги е: - Обезбедување увид и непристрасност во извршувањето на дејностите во железничкиот превоз кои се вршат како услуги од јавен превоз, - Транспарентно и недискриминаторско работење на управителот на инфраструктурата и железничкиот превозник, - Контрола на квалитетот на услугите од ЈП МЖ Инфраструктура и транспортните компании.

Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2017 Агенција за регулирање на железничкиот сектор