Информации

Упатство за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

 

     

 

Л И С Т А

на информации од јавен карактер на

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор

 

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, согласно Законот за железничкиот систем (Службен весник на Република Македонија бр.48/10 со понатамошните измени и дополнувања) како имател на информации од јавен карактер поседува информации за:

 

1.       Даватели на железнички услуги:

 

- назив, седиште, број на судска регистрација/ЕМБ од Централен регистар на Република Македонија, ЕДБ за правни лица, име и адреса на правен застапник за правни лица;

 

- датум на почеток, промена или престанок на обезбедување на железничките услуги;

 

-  во врска со издадените дозволи за вршење јавен железнички превоз, за видовите на железнички услуги за чие вршење е издадена дозволата и други податоци содржани во дозволата како и податоци за престанок на важење на дозволата;

 

- исполнување на обврските кои произлегуваат од Законот за железничкиот систем.

 

2.       Закони и подзаконски акти што ја регулираат областа на железничкиот сектор;

 

3.       Спогодби и меморандуми за соработка што ги склучила Агенцијата и информации за меѓународна соработка;

 

4.       Записници од спроведен надзор на пазарот на железничките услуги;

 

5.       Новости;

 

6.       Годишни, полугодишни и други извештаи на Агенцијата;

 

7.       Стратешки документи, анализи и програми на Агенцијата;

 

8.       Проекти;

 

9.       Јавни набавки;

 

10.   Статистички податоци;

 

11.   Податоци, информации и публикации за кои Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор смета дека придонесуваат за отворен и конкурентен пазар.

 

 

II. Службено лице

 

За службено лице од Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор кое ќе посредува при оставрувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер на Агенцијата се назначува вработениот/та:

 

                Никола Костадиновски, раководител на сектор за железнички сообраќај

 

                Тел/факс: 3220 407

 

                Email: nkostadinovski@arpz.mk

 

 

 

 

 

 

Агенција за регулирање на железничкиот сектор

 

 

Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2018 Агенција за регулирање на железничкиот сектор