Добродојдовте


Почитувани,


Добредојдовте на страната на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Интернет сајтот е креиран со цел да Ве запознае со поставеноста, улогата и начинот на функционирање на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Железничкиот транспорт е значаен логистички сегмент во економијата и  развојот  на  општеството. Со либерализацијата на железничкиот  сообраќај  во Република Македонија се поддржува и глобализацијата на македонското општество.

 Задача на Агенцијата е промоција на овој транспортен систем кој е економски најповолен сообраќаен систем за Република Македонија како континентална земја, како за товарниот така и за патничкиот сообраќај а воедно и пријателски  ориентиран кон човековата околина.

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор има значајна улога во либерализацијата на железничкиот сектор во Република Македонија, а со тоа и во воведување на конкурентнција меѓу транспортните компании на пазарот на железнички услуги. Агенцијата го обезбедува и недискриминаторскиот однос на управителот на Инфраструктурата кон сите транспортни компании .


Се надевам дека на нашиот сајт ќе  најдете потребни и корисни информации од областа на железниците кои ќе Ви овозможат да ги реализирате Вашите потреби.


Со почит,

Директор

Ивана Анѓеловска
 

Директор

Директор

ИВАНА АНЃЕЛОВСКА

 

Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2018 Агенција за регулирање на железничкиот сектор