Состанок на работната група на регулаторите во Атина 

понеделник, 30 март 2015 18:38:32

 Директорот Никола Костадиновски на 17 и 18 март во Атина присуствуваше на  редовен состанок на работната група на регулаторите за железница при ЕУ  под покровителство на DG MOVE.  

Вообичаено  најголемо внимание  на  состанокот  беше посветено   при разгледување на поединечните извештаи  претходно подготвени  од сите членки на ЕУ. Преку   овие  извештаи  пополнети во вид на прашалници   беа разгледувани поединечно  состојбите  во секоја од  27 те земји  членки , плус Норвешка, Швајцарија и Македонија како  не членки на ЕУ  но учесници  во работата на  RNRB.
Во  дискусиите  по жалбите кои  во изминатиот период биле  предмет на решавање   од страна на  регулаторните агенции  претставени се проблемите и  степенот на  усогласеност и прифаќање на европските закони при нивната практична примена .
Во овој период воведувањето  на одредбите  од новата законска регулатива  именувана како  RICAST  е во почетна фаза. На состанокот  домонираше заложбата за  што подоследна примена на  оваа законска регулатива.
На конференцијата  свои презентации и   и излагање за одредени  искуства    имаа  агенцииите на  Италија , Германија , Холандија и  Франција.
Македонија ги  елаборираше  последните измени од законот за  железнички систем кои се однасуваат за  превозот за сопствени потреби како и инвестициите во железничкиот сектор. 
 
 


Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2017 Агенција за регулирање на железничкиот сектор