21-ва работна средба на регулаторните тела за железници на ЕУ

21-ва работна средба на регулаторните тела за железници на ЕУ, одржана во период од 30.06-01.07.2011 година, во Луксембург

Директорот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на Р. Македонија, присуствуваше на 21-вата средба
на регулаторните тела за железници на ЕУ, која се одржа во Луксембург, во период од 30.06-01.07.2011 година.

На оваа средба беа разгледувани активностите на регулаторните тела во изминатата половина година, и исто така
беа информирани регулаторните тела за “Белата книга“, како и за измените и дополнувањата на директивите кои се
однесуваат на железничкиот сектор.