Билатерална средба

 Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на Република Македонија во периодот 2-3 Декември 2014 година одржа билатерална средба со Регулаторниот одбор за железници на Босна и Херцеговина. На оваа средба, исто така, присуствуваа и претставници од Министерството за транспорт и врски, како и од Управата за сигурност во железничкиот систем. Агенцијата на оваа билатерална средба ја презентираше законската регулатива и актуелните случувања во железничкиот сектор, како и своите тековни активностите.