Билатерална средба на регулаторните агенции на Република Македонја и Република Косово

На  23.08. 2013 г.  во Скопје во просториите на Агенцијата се одржа  билатерална средба на регулаторните тела на Република  Македонија и Република Косово. На средбата од македонска страна присуствуваше и директорорт на Дирекцијата за безбедност на Република Македонија, г-динот Јовица Страшевски со оглед да во рамките на Регулаторната агенција на Косово функционира и нивната дирекција за безбедност. 

На средбата беа презентирани актуелните состојби во двата железнички система  и степенот на усогласеноет со европските директиви и искуствата во нивното спроведување. Од двете Агенции беше поздравено потпишувањето на меѓудржавната Спогодба за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Косово. 

Двете Агенции се согласија за потребата за склучување на заедничка Спогодба за соработка чија основа ќе бидат и одредбите од документите на Европската унија  вклучително и најновата директива 2012/34/ЕУ во кои се дефинирани и надлежностите на Регулаторнте агенции во случај на спор меѓу две железници.