Учество на Агенцијата на светскиот железнички самит во Истанбул, Турција

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор со двајца претставници присуствуваше на светскиот железнички самит, кој се одржа во Истанбул, Република Турција на 25 и 26 Јуни 2014 година, на кој присуствуваа и повеќе светски компании од областа на производство и одржување на локомотиви, изградба и ремонт на железничка инфраструктура, производство на шини и слично. Целта на овој самит беше презентирање и промовирање на потенцијалите на железничкиот транспорт во регионот на Југоисточна Европа и Турција, а во насока на зголемување на учеството на железничкиот транспорт во вкупниот сообраќај во овој регион. На овој самит Агенцијата успешно ги промовираше пан-европските железнички коридори 8 и 10, кои што се вкрстуваат во Република Македонија, нивните потенцијали, како и тековните и најавените проекти долж истите.