СОСТАНОК НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СЕКТОР, МЖ ТРАНСПОРТ АД – СКОПЈЕ И ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА СКОПЈЕ 

вторник, 21 декември 2010 14:49:28

На ден 10.12.2010 година од 11-13.30 часот, во просториите на Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги се одржа состанок на Агенцијата со менаџерските тимови на МЖ Транспорт АД Скопје и ЈП МЖ Инфраструктура Скопје,
На состанокот присуствуваа:
- г-дин Оливер Деркоски, генерален директор на МЖ Транспорт АД Скопје,
- г-дин Петар Делов, директор за комерција во МЖ Транспорт АД Скопје,
- г-дин Владо Пановски, помошник директор за инфраструктура на ЈП МЖ Инфраструктура Скопје,
- г-ѓа Наташа Дионисиева, директор за патнички сообраќај во МЖ Транспорт АД Скопје,
- г-дин Тане Стојкоски, директор за товарен сообраќај во МЖ Транспорт АД Скопје,
- г-ѓа Димитрула Ацеска, помошник директор за финансии во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје,
- г-ѓа Магдалена Јованова, раководител на одделение за пристап во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје
- г-дин Никола Димитровски, директор на Агенцијата за регулирање на пазарот на железничките услуги,
- г-дин Никола Костадиновски, стручен советник за железнички сообраќај, влечни и влечени средствана Агенцијата за регулирање на пазарот на железничките услуги ,
- г-ѓица Искра Стојанова, стручен соработник за правно-нормативни работи на Агенцијата за регулирање на пазарот на железничките услуги и
- г-дин Божидар Петроски, стручен соработник за економски прашања на Агенцијата за регулирање на пазарот на железничките услуги.

Согласно Законот за железнички систем 04/10 член 97 точка 4 која гласи:
 "Доколку се водат преговори меѓу барателите и управителот на инфраструктура, а се однесуваат на нивото на надоместокот за пристап до инфраструктурата, треба да се спроведат под надзор на Агенцијата, при што Агенцијата интервенира само ако преговорите меѓу барателите и управителот на инфраструктурата не се во согласност со овој закон"

Состанокот беше со следниот дневен ред:

1. Договор за користење на железничката инфраструктура за 2011 година,

2.Објава на мрежа 2011 година,

3.Висина или структура на надоместокот за пристап до инфраструктурата кој се плаќа или треба да се плати,

4.Постапување на Инфраструктурната и Транспортната компанија согласно член 97 став 3 од Законот за железнички систем, во врска со доставување на бараните податоци до Агенцијата,

5.Разно.

МЖТАД до Агенцијата на 30.11.2010 година достави допис бр. 1273/1 “Забелешки по објавата на мрежа за 2011 година и предлог договорот за користење на железничката инфраструктура”
На состанокот беа разгледани сите забелешки на МЖТАД и беше постигнат договор за следниве:

1. Во врска со забелешката од точка 5, двете компании го усогласија рокот на плаќање на фактурите.
2. Забелешката и барањето на МЖТАД, возењето празен воз со товар од 50 нето тони да не биде со ограничување на “два вагони”, беше прифатено од ЈПМЖИ.
3. Во однос на забелешката на МЖТАД за затворот на пруги, од ЈПМЖИ посочија дека истите се претходно утврдени и доставени до МЖТАД. Беше заклучено од учесниците на состанокот дека е најдобро да се изготви протокол за соработка на оперативните служби на двете компании, заради подобра комуникација и флексибилност и спречување застој во сообраќајот.
4. Забелешката за обезбедување минимални услови за работа со чисти колосеци, дозволена видливост, осветлени колосеци, стази за движење меѓу колосеците и исправност на утоварни рампи беше прифатена од ЈПМЖИ.
5. Во однос на забелешката за кражбите на стока и вагонски делови по станиците беше констатирано дека кражбите претставуваат заеднички проблем и се нагласи потребата за координација и заедничко делување заради спречување на истите.
6. Забелешката за доследна примена на одредбите од прописите од прегледните органи во граничните станици при прием и отпрема на возовите, станиците на тргнување и ранжирните станици беше прифатено од ЈПМЖИ
7. МЖТАД побараа да не се наплаќа превоз на санки, подметачи и друг товарен прибор бидејќи се во функција на превозот, а истите МЖТАД ги врши бесплатно. ЈПМЖИ го прифатија ова барање, со тоа што во иднина до нив треба да биде доставена издржана документација заради потврда на истото
8. ЈПМЖИ го прифатија барањето на МЖТАД да се врши поделба на наплатата на возот во случај кога има мешан воз односно по оставањето на товарените вагони, а празните вагони кои би го продолжиле патувањето да се пресметуваат како празен воз. Меѓутоа, побараа во секој случај да се поднесува издржана документација
9. МЖТАД побараа во станицата Трубарево кога нема промена на бруто, да не се наплатува употреба на разнжирна станица без оглед на тоа дали се менува траса. Ова барање беше прифатено од ЈПМЖИ.

Претставниците на инфраструктурната и транспортната компанија се обврзаа забелешките за кои постигнаа согласност, да се имплементираат во предлог договорот за пристап и во објавата на мрежа, по што ќе следи потпишување на договорот и истиот да важи со стапување на сила на новиот возен ред од 12.12.2010 година.

По однос на останатите забелешки за кои не е постигната согласност, МЖТАД може да покрене постапка согласно член 99 од Законот за железнички систем, по кој постапува Агенцијата.

Двете компании  искажаа подготвеност за реализација на Возниот ред 2010/2011.

Записникот од овој состанок е потпишан од г-дин Никола Димитровски - Директор на Агенцијата за регулирање на пазарот на железничките услуги,  г-дин Оливер Деркоски - Генерален директор на МЖ Транспорт АД Скопје и  г-дин Владо Пановски - Помошник директор за инфраструктура на ЈП МЖ Инфраструктура Скопје.

 


Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2018 Агенција за регулирање на железничкиот сектор