Одлука за избор на кандидат за унапредување преку објава на интерен оглас 

петок, 20 септември 2019 14:34:10

 

Врз основа на член 52 став (1) од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), а во согласност со Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор број 01-133/1 од 17.08.2018 година, директорот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор на ден 20.09.2019 година, ја донесе следната:

 

О Д Л У К А

за избор на кандидат за унапредување преку објава на интерен оглас

 

Член 1

 

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, врз основа на Барање за започување на постапка за унапредување на вработен во стручните служби во Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор број 04-150/1 од 10.09.2019 година, Интерен оглас бр.03/2019 за пополнување на работно место со унапредување на административен службеник објавен на ден 10.09.2019 година, Записник од административна селекција за интерен оглас број 02-150/8 од 19.09.2019, спроведено Интервју на пријавениот кандидат и Записник од спроведено интервју на пријавен кандидат на постапка за унапредување на административен службеник број 04-150/9 од 20.09.2019 година, Предлог за прворангиран кандидат по Интерен оглас бр.03/2019 број 04-150/10 од 20.09.2019 година, го изврши следниот избор на кандидат за работното место наведено во Интерниот оглас:

 

  • за раководител на одделение за правни и стручно административни работи се избира Ивана Анѓеловска, советник за управно-правни работи во Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

 

Член 2

 

За избраниот кандидат да се донесе ново Решение за распоредување на административен службеник.

 

Член 3

 

Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 Целосниот документ е достапен тука.

 

 

 

 

 

 

 



Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2019 Агенција за регулирање на железничкиот сектор