ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТНАТА СРЕДБА НА РЕГУЛАТОРНИТЕ ТЕЛА ЗА ЖЕЛЕЗНИЦИ, А ВО ВРСКА СО RECAST НА ДИРЕКТИВИТЕ ОД ПРВИОТ ПАКЕТ ЖЕЛЕЗНИЦИ 

четврток, 24 март 2011 11:56:05

     На 18.03.2011 година во Брисел, Белгија се одржа работна средба на претставници од регулаторните тела за железници од земјите на ЕУ и Република Македонија и Република Хрватска, а во врска со Recast of the First Railway Package.
     На средбата, претставниците од регулаторните тела дискутираа за новите одредби предвидени со recast-от односно одредби во врска со:
           а) Независноста на регулаторот (член 55),
           б) Надлежности на регулаторот (член 56),
           в) Соработка меѓу регулаторните тела (член 57),
           г) Улогата на регулаторот во контрола на поделбата на сметките (член 6, 56 (8) и
     Прилог X),
          д) Улогата на регулаторот во областа на финансиските прашања (член 8(2), 30(2), 51 и
     Прилог VII),
          ѓ) Улогата на регулаторот ви пристапот до железничките услуги (член 13 и Прилог III),
          е) Можноста на регулаторот да врши контрола на таксата за пристап (член 31-37, 56 и
     Прилог VIII),
          ж) Контрола на објавата на мрежа (член 27 и Прилог VII). 
 



Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2018 Агенција за регулирање на железничкиот сектор