ИЗВЕСТУВАЊЕ 

вторник, 06 ноември 2012 12:29:26

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Согласно член 17 од Законот за железнички систем („Службен весник на Р.М.“ број 48/10, 23/11 и 80/12) дозволите за вршење на јавен железнички превоз на железничките превозници се важечки се додека ги исполнуваат условите утврдени во член 16 став (1) од овој закон. Контрола на исполнувањето на условите од членот 16 став (1) од овој закон врши Агенцијата и тоа најмалку на секои 5 години од денот на издавањето на дозволата.

Агенцијата во текот на 2012 година, по донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за железнички систем („Службен весник на Р.М.“ број 80/12), изврши контрола на исполнетоста на условите предвидени со овој закон на МЖ Транспорт АД и утврди дека истото ги исполнува условите пропишани во членот 16 став (1) од Законот за железнички систем и може да ја извршува дејност јавен превоз на патници и/или стока на територијата на Република Македонија.

 



Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2017 Агенција за регулирање на железничкиот сектор