Добродојдовте

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор

Почитувани, Интернет сајтот е креиран со цел да Ве запознае со поставеноста, улогата и начинот на функционирање на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор. Железничкиот транспорт е значаен логистички сегмент во економијата и развојот на општеството. Со либерализацијата на железничкиот сообраќај во Република Северна Македонија се поддржува и глобализацијата на општеството. Задача на Агенцијата е промоција на овој транспортен систем кој е економски најповолен сообраќаен систем за Република Северна Македонија како континентална земја, како за товарниот така и за патничкиот сообраќај а воедно и пријателски ориентиран кон човековата околина. Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор има значајна улога во либерализацијата на железничкиот сектор во Република Северна Македонија, а со тоа и во воведување на конкурентнција меѓу транспортните компании на пазарот на железнички услуги. Агенцијата го обезбедува и недискриминаторскиот однос на управителот на Инфраструктурата кон сите транспортни компании . Се надевам дека на нашиот сајт ќе најдете потребни и корисни информации од областа на железниците кои ќе Ви овозможат да ги реализирате Вашите потреби.
Со почит, Директор Боре Еркечов

Историја на агенцијата

Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги е основана согласно член 4 став 1 од Законот за Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги ("Службен весник на Република Македонија" бр.7/2008) и за својата работа одговара пред Собранието на Република Северна Македонија. Се основа како самостојно и непрофитно правно лице со јавни овластувања утврдени со закон. Органи на Агенцијата се Управен одбор и директор. Нивните надлежности се утврдени со Законот за Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги и Статутот на Агенцијата. Агенцијата започна со работа во 2009 година. Во моментов, Агенцијата има 3 вработени. Основната дејност на Агенцијата согласно Законот за Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги е: - Обезбедување увид и непристрасност во извршувањето на дејностите во железничкиот превоз кои се вршат како услуги од јавен превоз, - Транспарентно и недискриминаторско работење на управителот на инфраструктурата и железничкиот превозник, - Контрола на квалитетот на услугите од инфраструктурната и транспортните компании.