Активности на Агенцијатa 

понеделник, 30 март 2015 18:36:09

  Активности на Агенцијатa

 
Директорот на Агенцијата Никола Костадиновски на ден 10.02.2014г во Тирана, Албанија на покана  на  SEEP    на  EU   присуствуваше на состанок  под наслов “Connect to Europe to Connect Europe (CECE), Upgrading Railway as Growth Engine for SEE” . 
Акцент на состанокот беше ставен на оперативното поврзување за подобрување  на конкурентноста на железничкиот сообраќај. Притоа се истакна предноста и потребата за либерализацијата на железничкиот сообраќај те. практикување и поттикнување  на  конкуренцијата.
На состанокот беа  презентирани искуства од  работата на министерствата за транспорт на  земјите учеснички,  железничките компании и регулатори .
Во рамките на состанокот   свое обраќање имаше и  г-динот Едмонд Хаџинасто, министер за  транспорт на Р. Албанија.
Директорот на АРЖС на РМ  Никола Костадиновски оствари повеќе средби  во насока на размена на искуства и воспоставување поблиска соработка.


Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2017 Агенција за регулирање на железничкиот сектор